За Нас

Професионална компанија со долгогодишно искуство за длабинско чистење на мебел, душеци и секаков вид на теписони.

Запознај го нашиот тим

Hemisko Cistenje Skopje е професионална компанија специјализирана за длабинско хемиско чистење на мебел, теписони и сите видови подни површини. Нашата мисија е да обезбедиме чист, свеж и здрав простор за живеење и работа, со услуги прилагодени на реалните потреби на клиентите.

 

Работиме со современа опрема и професионални средства, внимателно избрани според типот на материјалот и степенот на нечистотија. Секој процес започнува со детална проценка, а завршува со темелна финална проверка, затоа што веруваме дека квалитетот се гледа во деталите.

 

Нашиот тим е составен од обучени и искусни професионалци кои работат одговорно, прецизно и со почит кон вашиот простор. Без разлика дали станува збор за дом, канцеларија, ресторан или хотел, секоја услуга ја изведуваме со исто ниво на посветеност и внимание.

 

Она што не издвојува е комбинирањето на професионален пристап, сигурни методи и искрена грижа за клиентите. Со Hemisko Cistenje Skopje, добивате повеќе од чистење – добивате свежина, удобност и доверба.

Dust Busters, Stain Masters

The Dream Team

Нема дамка што може да не изненади !

Hemisko Cistenje Skopje

Мартин – Специјалист за мебел

Мартин е специјалист за длабинско хемиско чистење на гарнитури, троседи, столици и тапациран мебел, со 10 годишно практично искуство во домови и канцеларии. Со прецизен пристап и професионална опрема, обезбедува темелно чистење и обновен изглед без оштетување на материјалите.

Иво – Експерт за душеци
Иво е експерт за чистење на душеци и отстранување на тврдокорни дамки како урина, крв и храна. Со внимателно избрани методи и средства, обезбедува високо ниво на хигиена, свежина и долготрајни резултати.

Backgroung picture 4

Александар – Кралот на теписите

Александар е специјалист за длабинско чистење на теписи и теписони, познат по работата со четкарка и Rotowash технологија. Неговиот пристап овозможува темелно отстранување на нечистотии и обновување на изгледот на влакната на тепихот.

Адам – Хемичарот
Адам е хемичар со 5 годишно искуство, кој точно знае која хемија се користи за секој тип дамка и материјал. Неговото знаење овозможува безбедно и ефикасно отстранување и на најтешките флеки, без ризик за ткаенините.

Што Кажаа Нашите Клиенти

Побарајте не на Социјалните Мрежи

Автор - Тони

Тони е специјалист за хемиско чистење со повеќе од 10 години искуство, фокусиран на длабинско чистење на мебел, автомобилски ентериери и душеци. Познат по своето внимание на детали, тој секојдневно се залага за свежина, хигиена и беспрекорна нега во секој дом и возило. Покрај тоа, Тони се занимава и со хемиско чистење на облека, применувајќи современи техники за заштита и освежување на секое парчe. „Елеганција започнува од чистотата.“

Scroll to Top